Хамас подготвен за преговори со Фатах и потоа за општи избори во Палестина

Од:

Палестинската група Хамас соопшти дека е согласна да води преговори со противничкото движење Фатах за распуштање на административниот комитет во Појасот Газа и за оддржување општи избори, јавија светските агенции.

Хамас преку коминике соопшти дека е подготвен да и го препушти управувањето со Појасот Газа на Владата за национално помирување, која ќе биде добиена по овие избори.

Палестинските територии уште од 2007 година се поделени меѓу двете непријателски влади, кога Хамас ги потисна силите на претседателот Махмуд Абас од Појасот Газа. Оттогаш неговата фракција Фатах управува само со автономните зони на Западниот брег.

Досега беа направени неколку неуспешни обиди за помирување меѓу Хамас и Фатах и формирање единствена влада, која ќе управува со Појасот Газа и Западниот брег.

Хамас, меѓутоа, беше ослабнат од израелската и египетската блокада, од трите војни со Израел и меѓународна изолација. Економијата во Појасот Газа е во многу лоша состојба и луѓето кои тука живеат имаат струја само по неколку часа на ден. Дополнителен притисок врз групата изврши и Абас, откако престана на Израел да му ја плаќа сметката за електрична енергија потрошена во Појасот Газа и ги намали платите на тамошните чиновници.

Египет неодамна на преговори ги покани лидерите на Хамас, а минатата недела Абас, исто така, испрати делегација со свои претставници во Каиро.

Во синоќа објавеното соопштение Хамас ги поздрави „несебичните египетски напори, кои ја одразуваат желбата на Египет да се заврши со расколот и да се постигне помирувањето“.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски