Хамас објави снимки од уништување на израелски тенкови од заседа

Од:

Милитаристичката организација Хамас објави снимка од директна борба со израелските одбранбени сили (ИДФ) на кои се гледа како тие уништуваат тенкови на ИДФ со противтенковско оружје.

Бригадите Ал-Касам на Хамас објавија видео во близина на населбата Зејтун во северниот дел на Појасот Газа, на кое се чини дека го прикажува уништувањето на израелскиот тежок оклопен транспортер „Намер“ како резултат на заседа и употребата на антитенковско оружје (РПГ).

На видеото може да се видат неколку напади со РПГ, но не се знае дали биле успешни. На видеата кои се објавени се гледа како членовите на Хамас излегуваат од земјата и стрелаат со противтенковско оружје израелски тенкови.

ИДФ започна копнена офанзива во Појасот Газа откако Хамас го нападна јужен Израел на 7 октомври. Израелската армија тврди дека е длабоко во внатрешноста на територијата на Појасот Газа, пред портите на градот Газа.

Како што соопшти ИДФ, десет припадници на 84-та бригада „Гивата“ биле убиени синоќа во заседа на милитантите на Хамас кои со противтенковски проектили го уништиле израелскиот оклопен транспортер „Намер“.

Би можело да ве интересира

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници

ВИДЕО: Евреин испука 17 куршуми во двајца Израелци во Мајами, мислел дека се Палестинци

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Израелската армија утре се повлекува од Либан