Хамас нема да го признае Израел

Од:

Исламистичкото движење Хамас нема да ја признае државата Израел и по формирањето на палестинската влада на национално единство, изјави политичкиот лидер на Хамас во Појасот Газа, ал Захар.

Тој истакна и дека вооружените формации во Појасот Газа нема да бидат под контрола на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Ал Захар посочи дека Абас ја пролонгира имплементацијата на договорот за формирање на експертска влада на Организацијата за ослободување на Палестина и Хамас. Договорот постигнат во текот на месецот треба да стави крај на внатрешнополитичкиот конфликт од 2007 година од кога Појасот Газа е под контрола на исламистите.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Палестински бунт против Хамас