Хамас: Израел сака да го истреби палестинскиот народ

Од:

Палестинското движење Хамас денес ги повика медијаторите во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа да извршат максимален притисок врз Израел за да го принудат да ја прекине својата „војна на истребување против палестинскиот народ“ по почетокот на израелската офанзива врз градот Газа.

Хамас во соопштение на Телеграм изјави дека воените планови на Израел за освојување на градот Газа претставуваат „бесрамно непочитување“ на напорите на медијаторите за постигнување прекин на огнот и договор за ослободување на заложниците во речиси двегодишниот конфликт.

„Најавата од страна на терористичката окупаторска армија за почеток на операција против градот Газа и неговите речиси еден милион жители и раселени лица укажува на бесрамно непочитување на напорите на медијаторите“, се вели во соопштението на Хамас, според „Тајмс оф Израел“.

Би можело да ве интересира

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна