Хакиран твитер профилот на AP, објавен лажен твит за напад врз Белата куќа

Од:

Хакери го нападнаа главниот профил на „Твитер“ на Асошиејтед прес, објавувајќи лажно соопштение за напад врз Белата куќа.

Соопштението, за две експлозии во Белата куќа во кои е повреден претседателот Барак Обама, е објавено по неколку обиди за крадење на лозинката од новинари на агенцијата.

Асошиејтед прес објави дека профилот на агенцијата на Твитер е затворен по хакерскиот напад и дека се работи за негова поправка.

Соопштението објавено од хакерите предизвика драстичен пад на Дау Џонс Индексот. Одговорност за хакирањето презедоа хакери од Сириската електронска армија.

Одговорноста за нападот Сириската електронска амраија ја презеде преку порака објавена на истата социјална мрежа.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска