Хакерски напад врз израелското Министерство за одбрана

Од:

Хакерската група Стапот на Мојсеј, составена од ирански граѓани тврди дека извршила хакерски напад врз израелското Министерство за одбрана.

Хакерите тврдат дека се инфилтрирале во повеќе од 165 сервери и 254 веб-страници, акумулирајќи повеќе од 11 терабајти податоци, вклучувајќи ги и оние на Израелската пошта, израелското Министерство за одбрана, информации поврзани со министерот за одбрана Бени Ганц, компанијата „Електрон Цилаг“ и корпорацијата „Епсилор“.

– Ве набљудуваме многу години, во секое време и на секој чекор. Сите ваши одлуки и изјави се под наш надзор. На крајот ќе ве удриме кога воопшто не ги очекувате, се наведува во соопштението на хакерската група Стапот на Мојсеј.

Хакерската група објави документи во Ексел, кои содржат лични податоци, како имиња, идентификациски броеви, електронска пошта, адресаи, телефонски броеви, дури и социјално-економската состојба на припадниците на израелската армија.

Објавени се и фотографии од Ганц со војници, како и писмо од Ганц од 2010 година до заменик-началникот на Генералштабот и до началникот на разузнавањето на јорданските вооружени сили.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници