Хакери упаднаа во фејсбук-профилите на украинската армија и ги повикаа војниците да се предадат

Од:

Хакери упаднаа во воените фејсбук-профили на Украина во обид да ги принудат војниците да се предадат, објави компанијата Мета, во чија сопственост е Фејсбук.

Нападнати се профилите на украинскиот воен персонал, се наведува во најновиот безбедносен извештај на компанијата.

Безбедносни експерти изјавија дека таквите напади ги извршило лице или група луѓе кои ги нарекат Ghostwriter, пишува Индепендент. Во извештајот од февруари, Мета веќе ги спомна активностите на Ghostwriter, но сега велат дека оттогаш се извршени нови напади.

Хакерите прво ја компромитираат е-поштата, а потоа ги користат мејловите за да се логираат на профилите на социјалната мрежа. Кога хакерите влегле во профилите, објавувале видеа во кои ја повикуваат украинската армија да се предаде, а изгледало како легитимните сопственици на профилите да ги објавуваат.

Индипендент наведува дека таквите напади се само дел од криминалните активности насочени кон Украина. На Фејсбук тие забележаа дека некои „финансиски мотивирани актери“ ја користат кризата за да отворат лажни профили и користат други тактики за да профитираат од интересот за вестите од Украина.

Тие ги насочуваат корисниците на други веб-страници или им продаваат лажни производи. Мета соопшти дека хакерите доведоа до безбедносни грижи во другите делови на светот, вклучително и Азербејџан, Јужна Америка, Филипините и Иран.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари