Хакери открија податоци на 6,5 милиони Израелци

Од:

Поради повреда на безбедноста во апликацијата која ја користи израелската конзервативна партија, хакери открија лични податоци на речиси 6,5 милиони Израелци, изјави експертот за кибер безбедност Ноам Ротем.

Апликацијата ја користи партијата “Ликуд” на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а откриените податоци вклучуваат имиња, адреси, матични броеви, место на кое гласаат, а во некои случаи и телефонски броеви, пол и партиска припадност.

“Ликуд” соопшти дека е спречен обид за оштетување на дигиталната платформа, која се користела за регрутирање приврзаници на партијата на денот на изборите.

Податоците стигнале до хакерите благодарејќи на неисправната безбедност на апликацијата, која “Ликуд” ја користел под името „Електор“, а дизајнирана е од израелската софтверска компанија “Фидбек”.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници