Хакер зарази 17.000 андроид телефони со вирус

Од:

Дваесетгодишен хакер од Амиен, град во близината на Париз, денеска треба да се појави во градскиот суд каде ќе треба да одговара за „пиратство и измама“, поради сомневањата дека изработил вирус со кој биле заразени 17.000 смартфони кои го користат системот Андроид на Гугл.

Според Централното биро за борба против криминалот поврзан со информатичките технологии и технологиите за комуникации, младиот хакер го пронашол вирусот во 2011 година и предизвикал штета од околу половина милион евра, но никој од оштетените нема поднесено тужба против хакерот. Најверојатно поради фактот, дека хакерот им нудел апликации на паралелен пазар за апликации кои биле хакирани.

Тој на измамените корисници на смартфони им нудел бесплатни програми, кои кога ќе се најдеа на нивните телефони се служеле самите со нив и испраќале СМС пораки на специјални бројови. Младиот хакер ризикува казна од пет години затвор и во интервјуто за регионалниот весник Куриер Пикар вели дека „не бил свесен за ризиците“.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано