Хаити: Полицијата фатила шест атентатори на претседателот Моиз

Од:

Полицијата во Хаити уапсила шест мажи кои го убиле претседателот Жовенел Моиз и трагаат по организаторите кои стојат зад операцијата, изјави денеска шефот на полицијата Леон Чарлс на брифинг со новинарите.

Чарлс апелираше до населението да соработуваат со безбедносните сили и да не предизвикуваат немири, откако маса луѓе се појавија пред полициската станица во главниот град Порт-о-Пренс, каде се сместени осомничените.

Премиерот на Хаити, Клод Жозеф, денеска апелираше до граѓаните да ги предадат на полицијата осомничените убијци на претседателот Жовенел Моиз и да не ги линчуваат.

Претходно денес стотици жители на Хаити пред полициската станица во Порт-о-Пренс, каде што се наоѓаат осомничените за убиството, извикуваа „изгори ги“.

Тие запалија возило за кое претпоставиле дека е возило на атентаторите. Претседателот на Хаити Моиз (53) беше убиен од непознати напаѓачи во неговата приватна резиденција, а неговата сопруга Мартин Мари Етјен Жозеф, која исто така беше ранета во нападот, се наоѓа во критична состојба и е пренесена во болница во Мајами.

Би можело да ве интересира

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството

(ВИДЕО) Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници

Хаос на улиците на Хаити: Банди сакаат да го соборат премиерот, студенти држени како заложници

Горан Наумовски

Во автомобил бомба убиен член на Луганска Народна Република

Банда на Хаити пукаше кон демонстранти и уби седум лица

Горан Наумовски