Во автомобил бомба убиен член на Луганска Народна Република

Од:

Во Луганск е убиен член на Народниот совет на ЛНР, полковник Михаил Филипоненко.

Филипенко загина кога во неговиот автомобил e активирана експлозивна направа.

Јури Јуров, заменик на Филипоненко, изјави дека експлозијата се случила нешто пред 10 часот по локално време.

Јуров рече и дека некој се обидел да го убие неговиот колега минатата година.

„Во февруари 2022 година веќе имаше обид за убиство на Филипоненко. Експлодираше автомобил паркиран во близина на претставништвото на ЛНР. Тогаш полковникот преживеа, но неговиот возач беше повреден“, рече Јуров.

Во периодот од 2014 до 2022 година, Филипоненко служел во Народната милиција на самопрогласената Луганска Народна Република. Нему му беа доделени државни и одделенски награди на Руската Федерација, ЛНР и ДНР.

Би можело да ве интересира

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина