Хаити: Од колера починале 132 лица

Од:

На Хаити оваа година во епидемија на колера починале 132 лица, а можно е бројот на инфицирани лица до крајот на годината да биде околу 15.000, соопштија ОН.

Колерата на карипската фржава изби во 2010 година, и од таа болест, која ја предизвикуват нехигиенски услови за живот и употреба на загадена вода, починале 8.655 лица, а постојат 712.330 случаи за кои се сомнева дека се заразени од болеста, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, повикувајќи се на Министерството за здравство на Хаити.

Во извештајот се наведува дека оваа година имало 14.869 случаи на сомневање на заболување на колера, со 132 смртни случаи.

Во извештајот што во 2011 година го објави Центарот за контрола и превенција на болести на САД, се вели дека виновниците за враќање на колерата на Хаити се војници на мировните сили на ОН, кои дошле на Хаити во 2010 да им помогнат на граѓаните погодени од катастрофалниот земјотрес.

Пред тоа, на Хаити не беше забележана колера 150 години. ОН никогаш не ја прифатија одговорноста за избивање на колерата, наведувајќи дека е невозможно да се утврди причината на болеста.

Би можело да ве интересира

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството

(ВИДЕО) Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници

Хаос на улиците на Хаити: Банди сакаат да го соборат премиерот, студенти држени како заложници

Горан Наумовски

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Банда на Хаити пукаше кон демонстранти и уби седум лица

Горан Наумовски