Хаити ги доби првите пратки вакцини против колера од СЗО

Од:

На Хаити доставени се повеќе од еден милион дози орални вакцини против кÐ �лера, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Меѓународната координативна група на СЗО за набавка на вакцини обезбеди 1,17 милиони дози од вакцината Евихол, а се очекуваат уште 500.000 дози во следните неколку недели.

– Се надеваме дека оваа прва пратка ќе ја следат и други, и дека вакцината ќе биде достапна за сите ризични групи, изјави Лоре Адриен од Министерството за јавно здравје на Хаити.

СЗО најави дека вакцинирањето ќе започне во следните неколку дена, со приоритет на децата и доенчињата од најтешко погодените области. Колерата на Хаити повторно се појави на почетокот на октомври и досега има 280 жртви, од кои значителен број се деца.

Здравствената криза е предизвикана од недостиг на храна и чиста вода за пиење.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

Потврден прв случај на колера во Либан, ризикот од ширење на болеста е многу висок

Во Бугарија е потврден првиот случај на колера во последните 103 години

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

Најмалку 40 загинати во пожар кај Хаити поради вуду ритуал