Хаг: Турција е одговорна за безбедноста на дипломатските мисии

Од:

Турските власти носат целосна одговорност за безбедноста на холандските дипломати и дипломатски претставништва во Турција, соопшти попладнево Министерството за надворшни работи на Холандија во врска со денешниот ионцидент кога група демонстранти го симнаа холандското знаме од пред Конзулатот на земјата во Истанбул и на негово место поставија знаме на Турција.

– Случувањата се не сфатливи. Турските власти носат одговорност за безбедноста на холандската дипломатска мисија во Турција. Ние поднесовме жалба до турските власти, се наведува во соопштението.

Според западни медиуми, инцидентот пред холандскиот Конзулат се случил кога еден од учесниците во протестите пред дипломатската мисија во Истанбил, се качил на покривот на зградата, го симнал знамето на Холандија и на негово место поставил турско знаме. Според истите извори, тој при тоа извикувал „Алах е голем“.

Протестите пред холандскиот Конзулат беа организирани откако вчера властите во Хаг одбија да му дозволат слетување во земјата на авионот на турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, кој требаше да говори на митинг во Ротердам, а подоцна од Холандија беше протерана и турската министерка за семејни прашања Фатма Бетул Сајан Каја.

Меѓутоа, извори во турската Влада ги отфрлија инфорамциите за замена на знамињата од страна на демонстраните како невистинити. Според нив, знамето на Холандија со знаме на Турција го заменил вработен во Конзулатот и немало никаков упад во зградата од надвор.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица