Хаг има информации за основа за покренување истрага против режимот на Мадуро

Од:

Главниот обвинител на Меѓународниот суд на правдата во Хаг рече дека постојат основи режимот во Венецуела да биде осомничен за злосторства против човештвото.

Судот во Хаг го разгледува случајот против режимот Мадуро од 2018 година. Се очекува дека во приближувањето на 2021 година ќе нареди покренување голема истрага.

„Меѓународниот кривичен суд заклучи дека достапните информации во оваа фаза даваат разумна основа да претпоставиме дека, барем од април 2017 година, властите, воените претставници и провладини службеници извршиле злосторства против човештвото“, се вели во извештајот на јавниот обвинител Фату Бенсуда.

Во 2017 година Венецуела беше зафатена со антивладини протести. Најмалку 125 лица загинаа во судирите со полицијата.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

САД го признаваат противникот на Мадуро за победник на изборите во Венецуела

Мадуро: Илон Маск е непријател на Венецуела

Путин му ја честиташе победата на Мадуро: Секогаш сте добредојден гостин во Русија

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас