Гвир најави анексија на Западниот Брег како одговор на признавањето на Палестина

Од:

Екстремно десничарскиот израелски министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир најави дека ќе го постави прашањето за анексијата на Западниот Брег на следниот состанок на кабинетот како одговор на денешната одлука на Велика Британија, Канада и Австралија да признаат палестинска држава, објавија израелските медиуми.

Бен Гвир додаде дека признавањето на палестинска држава е награда за терористите на Хамас и како такво бара итни контрамерки, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој, исто така, повика на анексија на Западниот Брег и целосно расклопување на Палестинската самоуправа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бен-Гвир: „Секоја вечер во Газа треба да се убиваат од 30 до 40 луѓе“

Американската војска предизвика бура: На карта, Газа и Западниот брег му ги додаде на Израел

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израелски доселеници нападнаа палестинско село, па палеа куќи

Горан Наумовски

Израелски суд му забрани на министерот Гвир да користи крокодили за чување осомничени за тероризам

Израелските доселеници го нападнаа палестинското село Тувани на Западниот Брег

Најмалку седуммина загинаа во израелски напад на погреб во Појасот Газа