Гвинеја ги затвора границите поради ебола

Од:

Гвинеја ја затвори границата со Сира Леоне како дел од напорите да застане на патот на епидемијата на ебола, изјави портпаролот на националната полиција Мамду Алфа Бери.

Според последните податоци, до сега од ебола во Западна Африка починаа повеќе од 10.300 лица, претежно во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Во Либерија во моментов нема заболени, додека во Сиера Леоне последнава недела е забележан пад на бројот на заболени.

Како што пренесуваат медиумите оваа болест се уште е присутна во Гвинеја, иако властите ги интензивираа напорите да и се спротивстават.

Претседателот на Гвинеја, Алфа Конде објави дека повторно ќе стапат на сила вонредни мерки кои ќе траат 45 дена и тоа во пет области, меѓу кои и пределот долж границата со Сиера Леоне.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Најмалку 25 загинати во сообраќајна несреќа во Гвинеја

Горан Наумовски

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

Најмалку 18 жртви во уривање на рудник за злато во Гвинеја

Ана Ололовска