Вулканот Фуего, на 50 километри југозападно од главниот град на Гватемала, исфрли столб од пепел со висина од 4.500 метри, кој може да предизвика нарушување на воздушниот сообраќај.
Вулканската пепел се прошири во радиус од 12 километри од вулканот. Во околните села се чусвтвуваат вибрации од активирањето на Фуего, а прозорците од објектите вибрираат.
Засега властите нема да го евакуираат населението, но ја држат ситуацијата под контрола.
Вулканот, чие име на шпански значи оган, е висок 3.763 метри и е активен од февруари. Во земјата има уште два активни вулкани, Пакаја, блузи до Фуего и Сантијагито, на 225 километри западно од главниот град на Гватемала.