Гувернерот на Порторико најави оставка

Од:

Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело, синоќа изјави дека ќе поднесе оставка следната недела.

-Надлежностите на функцијата гувернер ги отстапувам од 2 август, ја пренесоа неговата изјава американски медиуми.

Заминувањето на гувернерот доаѓа по скандал со објавени соопштенија на Телеграм во кои тој и негови советници навредуваат жени, избирачи, новинари но и го критикуваат пејачот Рики Мартин за својата сексуална определба.

Претходно стана извесно за обелоденување на 889 страници лична кореспонденција на гувернерот на Порторико во Телеграм. Тоа предизвика протести на жителите на карипскиот остров. Росело прво изјави дека нема намера да ја напушти функцијата.

Порторико е американска територија со комонвелтски статус без право на избор на свои претставници во американскиот Конгрес. Гувернерот е избиран од жителите на островот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Обилен дожд, поплави и ветрови од 169 километри на час во Доминиканската Република и целосно затемнување во Порторико

Ана Ололовска

Најмалку 11 загинати при превртување на чамец близу Порторико

Ана Ололовска

Се урна легендарниот радио телескоп Аресибо во Порторико, заслужен за многу астрономски откритија

Жарко Настоски

ВИДЕО: Масовна тепачка во авион поради носење маска под брада

Жарко Настоски

Си-ен-ен: Трамп предложи продажба на Порторико по ураганот Марија

Ана Ололовска

Порториканците на референдум ќе се изјаснат дали сакаат да бидат дел од САД

А1он