Гувернерот на Порторико Рикардо Росело се очекува да се повлече од функцијата по скандалот со некоректните коментари што ги давал во приватни разговори, објавија локалните медиуми доцна синоќа.
ДПА наведува дека се очекува Росело денеска да се повлече од функцијата и да биде заменет од секретарот за правда, Ванда Васкез, соопшти порториканскиот весник „Ел Нуево Диа“, цитирајќи неименувани извори.
Весникот објави дека објавувањето на оставката ќе биде направено до пладне.
Администрацијата на Росело е обвинувана за корупција, а, исто така, и критикувана поради слабото справување со последиците од ураганот Марија, во кој загинаа илјадници луѓе.
Но, скандалот, познат како „Чатгејт”, ја втурна администрација во досега најголемата криза, јавува ДПА.
Пораките што Росело ги разменувал со неколку членови од неговата администрација и други, откриваат преувеличувачки, сексистички и хомофобични забелешки, вклучувајќи ги и политичките противници.
Ставовите, кои беа обелоденети од Центарот за истражувачко новинарство на Порторико, исто така, вклучија и шеги за жртвите на Марија, јави ДПА.
Жителите на Порторико се државјани на САД, но Порторико не е држава.