Гувернерот на Њујорк: Ова е хаос

Од:

Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, ја прозва американската федерална влада дека не презема никакви чекори за да спречи ширење на новиот коронавирус.

Државата Њујорк, како и неколку други држави, воведе мерки за граѓанска заштита. Забрането е собирање на повеќе од 50 лица на едно место, сите училишта се затворени и сите кина, фитнес центри и казина се затворени во 20 часот по локално време, додека угостителските објекти се ограничени само на услуги за испорака.

„Ова е национален проблем и ни треба федерална одлука. Во сите други земји, и не ми е грижа дали станува збор за Кина, Јужна Кореја или Италија, државната влада ја презема водечката улога затоа што тоа е национален проблем. Ни требаат чекори на федерално ниво а не секоја држава да прави што сака.Ова е хаос и го засилува чувството дека ситуацијата излегува од контрола. Нема никаква смисла секоја држава да одлучува сама за себе“, нагласи Куомо.

Во таа американска држава има најмногу заразени – 950.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера рече дека вирусот е многу опасен, но и дека е целосно под контрола.

Би можело да ве интересира

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“