Гувернерот на Јамајка, Патрин Ален, веќе нема да носи навредлив кралски амблем на Велика Британија

Од:

Претставникот на британската монархија во Јамајка, гувернерот Патрик Ален, изјави дека во иднина веќе нема да го користи кралскиот амблем во кој Свети Михаил го убива сатаната, кој таму е прикажан како обоен човек.

Гувернерот Ален изјави дека повеќе нема да ја користи таа етикета на Орденот на Свети Михаил и Свети Ѓорѓија, заради опасност тие да претставуваат навреда за населението на Јамајка, објави Си-Ен-Ен.

Амблемот, кој Ален го објави на веб-страницата на гувернерот на Јамајка, сатаната ја прикажува како човек со темна кожа и како ползи под нозете на бел архангел.

Амблемот неодамна предизвика бранови бес низ Јамајка, пренесува Си-Ен-Ен.

Ален, меѓу другото, објави дека е свесен дека амблемот предизвика бес и ќе престане да го носи заради растечкиот бран на опозиција ширум светот кон употребата на предмети што ја прикажуваат деградацијата на обоените луѓе како нешто нормално.

Би можело да ве интересира

Јамајка „продолжува понатаму“ без британската империја

А1он

ВИДЕО: Тропската бура Елса направи хаос на Јамајка и на Барбадос, Куба евакуираше 70 илјади луѓе

ВИДЕО: По силниот земјотрес на Карибите, нема посериозни оштетувања, ниту повредени

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Карибите, издадено предупредување за цунами кај Јамајка

Предраг Петровиќ

Најмалку шест лица повредени при принудно слетување на авион во Гвајана

Ана Ололовска

Почина највозрасната жена во светот

Наум Локоски