Гутереш: Запрете ги војните, да се бориме против вирусот

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска повика на глобално примирје за да може светот да се фокусира на борбата против пандемијата на новиот коронавирус.

– Време е да се стави крај на вооружените конфликти и заедно да се фокусираме на вистинската борба за нашите животи, рече Гутереш во видео обраќање.

Тој истакна дека вирусот не бира националност или етничка припадност, фракција или религија.

– Тој ги напаѓа сите немилосрдно. Во меѓувреме, вооружените конфликти беснеат низ целиот свет. Најранливите – жени и деца, лица со посебни потреби, маргинализирани и раселени – плаќаат највисока цена. Тие се со најголем ризик, заклучи Гутереш.

Во исто време, генералниот секретар на Обединетите нации предупреди дека здравствените системи во земјите погодени од војни се распаднати и во нив останале само малкумина здравствени работници.

– Ставете крај на болеста на војната и борете се против болеста што го пустоши нашиот свет. Сè започнува со запирање на борбите насекаде. Сега. Тоа му е потребно на нашето човечко семејство, сега повеќе од кога било, рече Гутереш.

Би можело да ве интересира

Зеленски одби да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации

Катерина Ѓуровски

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Израел му забрани влез во земјата на шефот на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Гутереш: Либан не смее да прерасне во нова Газа

Горан Наумовски

Гутереш го критикуваше Израел дека го „саботира“ решението за две држави со Палестина

Гутереш: Не сум видел толку многу смрт и уништување како во Газа