Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека економската помош дадена на земјите за време на пандемијата треба да биде поврзана со спроведувањето на климатските активности и заштитата на животната средина.
– Додека трошиме билиони за опоравување од Ковид-19, треба да создадеме работни места преку чиста, зелена транзиција, рече Гутереш на „Климатскиот дијалог Петерсберг“ за помошта дадена на економиите во кризата предизвикана од ширењето коронавирус.
– Таму каде што парите на даночните обврзници се користат за заштеда на бизниси, мора да се создадат зелени работни места и одржлив и инклузивен раст, додаде тој.
– Овие пари не треба да се користат за да им се помогне на застарените индустрии што загадуваат и создаваат големи количини на јаглерод диоксид.
Пандемијата е можност да се придвижи светот кон „борба против климатските промени, заштита на животната средина, стопирање на загубата на биолошката разновидност и долгорочно обезбедување здравје и безбедност на човештвото“, рече челникот на ОН.
Овогодинешниот двогодишен „Климатски дијалог Петерсберг, именуван по Петерсберг брдото во близина на Бон, каде што се одржа првата конференција, преку видео собра учесници од 30 земји.
Таа конференција беше под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел во 2010 година за да даде нов импулс на разговорите за климата по неуспехот на самитот на ОН во Копенхаген.