Гутереш во Москва на средба со Путин

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, но очекувањата од состанокот се мали по неколку неуспешни дипломатски напори досега.

Се очекува разговорите меѓу Путин и Гутереш да се фокусираат на опколениот град Мариупол каде што и покрај прогласувањето победа, руските сили не успеаја да ја преземат челичарницата Азовстал.

Украина побара од Гутереш да гарантира хуманитарен коридор за евакуација на цивилите кои се засолнуваат во Азовстал.

Шефот на ОН, исто така, се очекува да отпатува за Киев в четврток и да се сретне со претседателот Володомир Зеленски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски