Гутереш: УНЕСКО има централна улога во одбраната на мултилатерализмот

Од:

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш ја пофали улогата на УНЕСКО во одбраната на мултилатерализмот во светот кој има според него пет главни „поделби“, започнувајќи од сино-американските тензии, јави дописникот на МИА.

– Светот на пукнатини и линии на поделби не е одржлив. Во овој контекст, улогата на УНЕСКО е клучна за зближување на светот, изјави Гутереш на отворањето на 40. Генерална конференција на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации.

УНЕСКО има 193 земји-членки, но членки не се САД и Израел. Вашингтон, го обвини УНЕСКО дека е „анти-израелски“ и го најави своето заминување на претходната Генерална конференција во 2017 година, а набрзо излезе и Израел.

Гутереш објасни дека пред учесниците на Парискиот форум за мир, ги навел „петте посебни ризици што го преминуваат светот“, со „првата фрактура, од економски и геополитички фрактури“.

– Ние ризикуваме да ги видиме … двете најголеми економии на планетата, да им дадат на светот два посебни и конкурентни света… сè мора да се направи за да се одржи универзален систем и да се зачува мултиполарниот свет, истакна Гутереш.

Тој како проблеми со кој се соочува светот ги наведе пропаѓањето на социјалниот договор, порастот на дискриминацијата и говорот на омраза заедно со падот на солидарноста со бегалците, климатските вонредни состојби и, петто, новите опасности поврзани со напредокот на технологијата.

– Вие вложувате витални напори да му помогнете на светот да ги реши етичките проблеми во науката и технологијата, да ги сподели придобивките од знаењето, нагласи Гутереш.

Генералната конференција се одржува до 27 ноември во седиштето на УНЕСКО во Париз. На Конференцијата ќе се одлучува и за буџетот за следните две години, што е зголемен за повеќе од 16 милиони долари и сега изнесува 534 милиони долари, а во исто време, доброволните придонеси пораснаа за 40 отсто.

Би можело да ве интересира

Гутереш ги повика Израел и Хамас да постигнат договор за прекин на огнот во Газа

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Гутереш: Убиството на повеќе од 100 Палестинци во Газа бара ефективна независна истрага