Гутереш: Сите страни во Венецуела да покажат максимална воздржаност

Од:

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска ги повика сите страни во Венецуела да покажат „максимална воздржаност“, да избегнат насилство и да преземат итни мерки за повторно воспоставување на мир во земјата.

Тој посочи и дека „стои на располагање доколку двете страни тоа го побараат“.

Ситуацијата денеска во Венецуела се влоши откако опозицискиот лидер Хуан Гуидо најави изјави дека ја почнува „завршната фаза“ од својот план за смена на претседателот Николас Мадуро и ги повика Венецуелците и армијата да го поддржат „и да и стават крај на узурпацијата на Мадуро“.
Повикот на Гуаидо беше окарактеризиран од венецуелската Влада како мало востание отпочнување на државен удар.
Во меѓувреме и Мадуро изјави дека има поддршка од армијата. Тој преку Твитер повика на „максимална масовна мобилизација со цел да се обезбеди победа на мирот“

По повиците на Гуаидо и Мадуро граѓаните излегоа на улиците на Каракас и се судирија.

На социјалните мрежи се појави видео-снимка на која се гледа како оклопно возило на националната гарда на Венецуела се движи директно кон група демонстранти и гази преку нив. Претходно, демонстранти фрлаа камења и удираа со стапови по оклопното возило.
На најновите настани во Венецуела претходно реагираа Белата куќа, Кремљ и претседателот на Европскиот Парламент.

Белата куќа наведе дека претседателот на САД, Доналд Трамп ја следи ситуацијата, додека Кремљ наведе дека за Венецуела претседателот на Русија, Владимир Путин разговара со постојаните членки на рускиот Совет за безбедност.

Додека претседателот на Европски Парламент, Антонио Тајани на Твитер напиша дека денеска „е историски момент за враќање на демократијата и слободата во Венецуела, што секогаш има поддршка од ЕП“.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски