Итна истрага во врска со извештаите дека во Либија се продаваат мигранти побара генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и оцени дека такво нешто може да се смета за злосторство против човештвото.
– За ропството нема место во нашиот свет, изјави Гутереш и дополни дека таквите акции се сметаат за „нечуено кршење на човековите права“.
Тој смета дека извршителите на тоа мора да бидат изведени пред суд и побара од надлежните тела на ОН активно да се занимаваат со тоа прашање.