Гутереш: Нуклеарната војна е незамислива

Од:

Нуклеарната војна е незамислива, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во Киев, зборувајќи за можна трета светска војна.

Тој во четвртокот за Би-Би-Си изјави дека „мора да направат се што е можно за да го спречат тоа“.

Гутереш порача дека ОН нема да се откажат и дека сакаат мир во Украина „во согласност со повелбата на Обединетите нации“.

„На Украина и треба помош и ја заслужува нашата целосна посветеност и целосна поддршка“, рече генералниот секретар на ОН по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Гутереш повика и на отворање коридор за евакуација од украинскиот град Мариупол, велејќи дека градот е под опсада и „во криза“.

„На илјадници цивили им е потребна помош за да си ги спасат животите. На многу постари луѓе им е потребна медицинска нега или нивната подвижност е ограничена, им треба начин да избегаат од апокалипсата“, додаде тој.

Генералниот секретар вчера се сретна со претседателот на Украина и министерот за надворешни работи, Дмитриј Кулеба, по посетата на Москва, каде што се сретна со претседателот на Русија, Владимир Путин и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков