Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги предупреди лидерите од Г7 дека светот се соочува со „итна климатска криза од драматични размери“.
Тој потенцираше дека ледената капа на Гренланд (ледена маса која прекрива околу 50.000 километри квадратни површина) „драматично“ се топи, потсетувајќи дека од 2015 до 2019 година се „петте најтопли години од кога се води евиденција.
Гутереш изрази увереност дека државите, градовите и фирмите се „способни да одговорат на климатските промени“.
Генералниот секретар на Светската организација ги повика лидерите од Г7 на 23 септември во Њујорк да се согласат намалувањето на емитувањето стакленички гасови да биде поголемо отколку што ветија на меѓународната конференција за климата во Париз 2015 година.
– Во многу полоша ситуација сме отколку што бевме за време на Парискиот договор…и поради тоа е апсолутно неопходно земјите да се обврзат да го зголемат ветеното во Париз, потенцираше Гутереш на последниот ден од Самитот на Г7 во Бијариц.