Гутереш: На Пацификот му треба посилна поддршка во борба со климата

Од:

Генералниот секретар на Обединети Нации, Антонио Гутереш изјави денеска дека ќе отпатува на три јужнопацифички острови за да ги види ефектите од климатските промени.

Говорејќи на Фиџи, Гутереш рече дека сака да научи повеќе за работата, која ја преземаат островските заедници поради зајакнување на одбраната од последиците на климатските промени.

Според него, на Пацификот му треба посилна меѓународна поддршка, бидејќи климатските промени се побргу се одвиваат.

– Последните четири години беа најтопли. Топењето на мразот на Гренланд и Антарктикот се забрзува, што значи дека нивото на океанот ќе порасне за еден метар до 2100 година, ако ништо не се преземе за да се избегне тоа. Овде на Пацификот, нивото на водата, кое расте во некои држави е четирипати поголемо од светскиот просек и претставува егзистенцијална закана на некои островски држави, рече Гутереш.

Тој истакна дека островските држави треба погласно да зборуваат, бидејќи нивното искуство „нагласува итност на реагирање на заканата“.

– Пацификот има единствен морален авторитет да зборува. Време е светот да слуша, заклучи Гутереш.

По Фиџи, тој планира да ги посети островските нации Тувалу и Вануату.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во јужниот дел на Пацификот

Горан Наумовски

Ерупција на подводен вулкан кај остров во Пацификот

А1он

Силен земјотрес регистриран на Вануату, издадено предупредување за цунами

Ана Ололовска

ВИДЕО: Држави од Азиско-пацифичкиот регион потпишаа најголем светски трговски договор за слободна трговија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Американската морнарица со ласерски топ уништи беспилотно летало над Пацификот

А1он

Помош од ОН за жртвите на циклонот Харолд во јужниот Пацифик

Ана Ололовска