Гутереш изрази загриженост поради забраната жените во Авганистан да студираат на универзитети

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш изрази длабока загриженост поради одлуката на талибанците да им забранат на жените да студираат на универзитети во Авганистан.

Гутереш апелираше до талибанските власти да „обезбедат еднаков пристап до образование“ на сите нивоа, рече неговиот портпарол Стефан Дижарик.

– Генералниот секретар повторува дека со ускратување на образованието не само што се кршат еднаквите права на жените и девојчињата, туку ќе има разорно влијание врз иднината на земјата, се вели во изјавата на портпаролот.

Талибанските власти вчера одлучија да им забранат на жените да одат на универзитет до понатамошно известување.

– Известени сте да ја спроведете наредбата за прекин на образованието на жените до понатамошно известување, се вели во дописот на Министерството за високо образование упатен до универзитетите.

Забраната дојде за помалку од три месеци откако неколку илјади девојки и жени полагаа приемен испит на универзитетите низ земјата.

Претходно на средношколките им беше забрането да одат на училиште.

Талибанците, кои се вратија на власт во август 2021 година, ветија дека ќе бидат пофлексибилни, но во голема мера се вратија на строгото толкување на исламот што го одбележа првиот период од нивното владеење од 1996 до 2001 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Гутереш: Убиството на повеќе од 100 Палестинци во Газа бара ефективна независна истрага

Шефот на ОН: Палестинската агенција за бегалци е столбот на хуманитарниот одговор во Газа

Гутереш: Правото на Палестинците да градат сопствена држава мора да биде признаено од сите

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Гутереш го искористи специјално овластување – бара Советот за безбедност на ОН да побара итен прекин на огнот во Газа