Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш ја осуди ескалацијата меѓу јеменските бунтовници Хути и Израел по особено загрижувачките израелски напади на аеродромот во Сана, изјави портпаролот на ОН.

Генералниот секретар ја осудува ескалацијата.

„Израелските воздушни напади врз меѓународниот аеродром во Сана, пристаништата на Црвеното Море и електраните во Јемен се особено алармантни“, се вели во изјавата на портпаролот, пренесува Франс прес.

Израел потврди дека во четвртокот нападнал локации под контрола на Хутите, вклучувајќи го и аеродромот во главниот град Сана, каде што загинаа шест лица.

Од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година, Хутите започнаа бројни напади врз Израел, во знак на солидарност со Палестинците.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците