Гутереш е против еднострани дејствија во Ерусалим

Од:

Според генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш еднострани дејствија кон Ерусалим може да го поткопаат решението со двете држави на израелско-палестинскиот конфликт.

-Ние секогаш сме гледале на Ерусалим како на прашање за конечниот статус, кој треба да биде решен со директни преговори меѓу двете земји врз основа на резолуциите на Советот за безбедност, изјави портпаролот на ОН Стефан Дужарик.

Според него ОН очекува дека доколку дојде до преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, Израел тоа силно да го поддржи, а Палестина да е категорично против.

Арапски и муслимански држави предупредија дека таквата одлука или признавање од САД на Ерусалим за главен град на Израел, може да ги поткопа напорите за мир на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел