Гутереш апелира до Трамп да не го прекинува финансирањето на СЗО

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да не го прекинува финансирањето на СЗО, истакнувајќи дека „сега не е време за тоа“.

-Сега е време за единство, за соработка во меѓународната заедница, време е за солидарна заедничка работа и борба против вирусот и последиците од пандемијата, апелираше Гутереш.

Трамп нареди да се прекине американското учество во финансирањето на СЗО бидејќи е незадоволен од работата на оваа организација во текот на пандемијата на коронавирусот. На прес конференција во Белата куќа тој синоќа кажа дека СЗО не ја исполни својата основна должност и дека за тоа ќе мора да одговара, пренесоа британските медиуми.

Трамп ја обвини СЗО дека промовира „кинески дезинформации“ за коронавирусот, што, како што оцени, веројатно доведе до поголема епидемија на вирусот отколку што во спротивно ќе се случеше.

САД се најголемиот донатор во СЗО. Минатата година оваа држава во СЗО дала повеќе од 400 милиони долари, што е околу 15 отсто од нејзиниот буџет.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху