Гугл прекинува со рекламите во Русија, Мајксрофот со услугите и производите

Од:

Во светло на исклучителната ситуација Гугл паузира со рекламите во Русија, соопшти денеска технолошката компанија. Во меѓувреме и Мајкрософт најави прекин на сите производи и услуги во Русија.

Mајксрософт соопшти дека постапката е во согласност со санкциите воведени од властите во САД. Компанијата, исто така наведе дека нејзин тим помага за кибер безбедноста на Украина, и оти се одбиени неколку руски кибер напади во земјата, меѓу кои и кибер напад врз еден украински национален медиум.

Чекорот на американските технолошки гиганти следува откако Твитер и Мета исто така најавија излегување од рускиот пазар на реклами. Гугл и Мета веќе презедоа чекори за спречување руските државни медиуми да поставуваат реклами на нивните соодветни платформи.

Прекинот на рекламирањето на овие платформи ќе предизвика прекин на солидни исплати на многу јавни личности од рускиот шоу бизнис и политика, кои имаа свои подкасти на Јутјуб , како на пример Ксенија Собчак или новинарот Јуриј Дуд.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина