Гугл го симна сингапурскиот расистички блог против Филипинците

Од:

Компанијата Гугл денеска го симна сингапурскиот блог кој се појави пред десетина дена и лансираше расистички пораки против филипинците што живеат и работат во пет и пол милионскиот град-држава. Блогот се појавил пред две недели со „пет упатства како да ги навредите и повредите филипинците без да одговарате пред законот’’.

Сингапурците биле советувани да одбиваат храна и пијалок во рестораните ако ги послужува конобар филипинец, „случајно’’ да покажуваат кон нив со прст, особено ако се во метро, па дури да не ги примаат во своите домови ни како чистачи.Еден од советите е – да не им се помогне на филипинците ниту во сообраќајна несреќа.

Во Сингапур сега има над 170.000 филипински државјани, сите со легални дозволи за престој. Тие се жртва на се поизразената нетрпеливост на сингапурците кон странските работници, а аналитичарите сметаат дека се работи за страв од губење на работните места од странците, меѓу кои и филипинците, кои имаат повисоки квалификации од локалното население.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати