Иницијативата „Глобал нетворк“, во која влегуваат Гугл, Фејсбук, Јаху и Мајкрософт, ги повика владите на 21 земја „да ги објават налозите за електронско следење и да им одобрат на компаниите, од кои е побарано, редовно да ги откриваат барањата од силите на редот и разузнавачките служби“.
Американските технолошки компании се под притисок по откривањето за постоењето на американската програма за електронско следење „Призма“, преку која Агенцијата за национална безбедност добила од нив огромен обем дигитални податоци за Интернет корисници.
Интернет компаниите уверуваат, дека откриваат ваква информација единствено во одговор на судски налози.
Минатата седмица Гугл, Јаху и Фејсбук поднесоа барања во судот да им се одобри да ги откријат околностите за информацијата, која ќе ја добијат од американските власти.
Меѓу 21-та држава се и САД, Велика Британија, Франција, Германија и Канада.