Грушко: НАТО создава нова „железна завеса“ во Европа

Од:

НАТО, користејќи ја украинската криза, создава нова „железна завеса“ во Европа, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во Алијансата, Александар Грушко, цитиран од ТАСС.

Пактот беше создаден во годините на Студената војна со определени цели, пред се за таканереченото „запирање на Советскиот сојуз“, но сега се чувствува многу неудобно во услови на отсуство на противник, рече Грушко.

– Кризата во Украина беше искористена за НАТО да се врати кон своите „корени“  и врз основа на јавното мненние, а пред се во Западна Европа,  да докаже дека НАТО и сега е необходен и дека се занимава со реално зацврстување на безбедност, забележа тој.

Всушност, под паролата за таканаречаната „опасност од Истокот“ САД „ги притискаат сојузниците да ги зголемат своите расходи за воени цели“, смета дипломатот.

Грушко предупреди дека политичките игри за прашањето за приемот на Украина и Грузија во НАТО кријат опасни геополитички последици за цела Европа.

Според него, приефаќањето на Украина во НАТО ќе ги подели не само Европа, туку и украинското општество, и ќе има катастрофални последици за самата Украина. Тоа ќе создаде и „колосална напрегнатост во меѓународните односи“, посочи уште Грушко.

– Улогата на НАТО во украинската криза е крајно деструктивна. НАТО не ја игра улогата на организација која би помагала во разрешување на проблемот по мирен пат. Таа создава илузија дека се е дозволено, а тоа е крајно опасен пат“, посочи постојан претставник на Русија во оваа организација.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО