Радикалната група „Исламска држава“ објави на Интернет дека држи во заробеништво јапонски граѓанин во Сирија, јавија јапонските медиуми.
– Го заробивме шпионот Харуна Јокава, се наведува во соопштение на исламистите. Јапонското министерство за надворешни работи вчера соопшти дека врши истрага дали јапонски граѓанин е заробен во Северна Сиријa од борци на Исламска држава.
Според податоци на властите во Токио 42-годишниот Јокава заминал за Сирија кон крајот на јули и стапил во контакт со бунтовници од групата „Исламски фронт“, што се бори против „Исламска држава“, пренесува ИТАР-ТАСС.