Група таксисти во Кина се обиделе да се самоубијат со труење

Од:

Најмалку 30 пекиншки таксисти се обиделе да се убијат пиејќи отровни хемикалии, во знак на протест поради владините мерки во врска со возењето такси, но никој од нив не е во животна опасност.

Таксистите, кои се обиделе да извршат групно самоубиство, се пронајдени онесвестени на еден паркинг пред трговски центар во Пекинг, а на некои од нив им излегувала пена од устата.

Фотографиите, објавени на социјалните мрежи ја прикажуваат оваа сцена и група зачудени граѓани, кои набљудуваат зад полицискиот кордон.

Таксистите, покрај кои се пронајдени шишиња со пестициди, се сместени во болница и никој од нив не е сериозно повреден.

Сите таксисти, кои учествувале во овој инцидент се од североисточната покраина Хеилонџанг, која се граничи со Русија и не работеле за официјални такси компании, туку во договор со локалните власти.

Би можело да ве интересира

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите