Група пропалестински демонстранти упаднаа во колеџот Барнард во Њујорк

Од:

Група пропалестински демонстранти упаднале во зградата на колеџот Барнард и наводно нападнале вработен, кој потоа бил хоспитализиран, соопшти колеџот.

Демонстрантите по предупредувањето ги напуштија просториите на колеџот, без дополнителни инциденти.

Според АП, демонстрантите носеле традиционални палестински кефии и извикувале „Барнард го финансира геноцидот“ и „Слобода за Палестина“.

Студентската група Колумбија Студенти за правда во Палестина соопшти дека демонстрантите се разотишле откако администрацијата на колеџот се согласила да се сретне со нив попладнево.

Според оваа група, демонстрантите побарале амнестија за сите студенти дисциплинирани за пропалестински протести, средба со управата на универзитетот и укинување на исфрлањето на двајца студенти, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Демонстрантите кои се против Нетанјаху се судрија со израелската полиција

Горан Наумовски

Противпожарните екипи се борат со неколку пожари на Лонг Ајленд

Нападнати новинари, искршена опрема на неколку медиуми

А1он

Димна бомба пред Министерство за финансии

А1он

Кривични пријави за демонстранти од Шарената револуција

А1он

ВИДЕО: „Ма какво распуштање, нема опуштање“ пред Собрание

Предраг Петровиќ