Група од 400 мигранти влезе во Австрија од Унгарија, се очекува поголем прилив

Од:

На границата на Австрија со Унгарија рано изутринава пристигнаа првите автобуси со 400 бегалци, а поради нив времено е блокиран сообраќајот во правец кон Виена, кај преминот Никелсдорф/Хегешалон.

Мигрантите ја поминале границата пеш и оние кои сакаат да заминат во Германија се качиле во специјален воз на железничката станица Никелсдорф. Останатите, кои сакаат засолниште во Австрија, се префрлени во концертната сала „Нова Рок“, каде се регистрираат, а потоа се пренесуваат во прифатни центри ширум земјата.

Австриските власти соопштија дека денеска очекуваат прилив на 800 до 3.000 мигранти од Унгарија.

Владите во Виена и Берлин синоќа се договорија да им овозможат на бегалците влез во Австрија и Германија. Ваквата одлука е донесена по тензичната ситуација на унгарската граница.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто