Гроси: Нивото на радијација во Чернобил е ненормално

Од:

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси изјави дека нивоата на радијација во поранешната нуклеарна централа во Чернобил се „ненормални“.

Гроси истакна дека неколкунеделната окупација на локацијата од страна на Русија била „многу, многу опасна“.

Токму на денешен ден во 1986 година експлодира четвртиот реактор на тогашната советска нуклеарна централа во Чернобил, предизвикувајќи ја најтешката нуклеарна мирнодопска катастрофа. Советските власти по два дена соопштија за експлозијата.

Електраната сè уште се користи за чување на нуклеарниот отпад.

На 36-годишнината од катастрофата во Чернобил, претставници на МААЕ го посетија Чернобил. Експертите, предводени од Гроси, се во електраната за да испорачаат опрема, да спроведат радиолошки проценки и да ги обноват системите за следење на безбедноста.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Руските војници кои беа во Црвената шума во зоната Чернобил во 2022 година не се живи

Горан Наумовски

Гроси: Најголемата нуклеарна централа во Украина е целосно надвор од контрола

А1он

Меѓународната агенција за атомска енергија ќе помогне во санацијата на штетите во Чернобил

МААЕ: Нивото на радиоактивност во Чернобил е нормално

А1он

Триесет и шест години од несреќата во Чернобил

Украина: Нуклеарната централа во Чернобил повторно е во комуникација со државниот регулатор