Гринпис би можел да биде казнет ако го спречи „Гаспром“ да достави нафта за Ротердам

Од:

Меѓународната организација за заштита на природата Гринпис би можела да биде казнета доколку се обиде да ги спречи доставките на нафта од руската компанија „Гаспром“ во холандското пристаниште Ротердам.

Суд во Амстердам синоќа донесе ваква одлука, а паричната казна за Гринпис би можела да се движи од 50.000 до 100.000 евра за секој нејзин евентуален обид да го спречи преминот, растоварот или тргнувањето на нафтените танкери.

Холандскиот огранок на Гринпис вчера соопшти дека нивниот брод „Арктик санрајз“ по ремонтот во пристаништето на Амстердам тргнал да му го попречи патот на танкерот „Михаил Улјанов“, кој треба да пристигне со нафта на „Гаспром“ денеска во Ротердам.

Претходно оваа година Гринпис се обиде да го спречи истиот тој руски танкер да транспортира нафта од Арктикот до пристаништето Ротердам. Тогаш мораше да интервенира и холандската полиција, која ги уапси членовите на меѓународната организација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицијата бркаше активисти на аеродромот во Амстердам, возеа велосипеди и блокираа авиони

ВИДЕО: Активсти на Гринпис прекинаа партиски говор на Лиз Трас

Еколошките организации против зелената класификација на ЕУ за гас и нуклеарна енергија

Ана Ололовска

Гринпис ја блокира испораката на руски гас во Финска

Активисти на Гринпис блокираа руски танкер во Норвешка

Ана Ололовска

Активисти на Гринпис протестираат против увозот на руска нафта во ЕУ

Ана Ололовска