Гринпис: Антверпен е едно од најзагадените места на светот

Од:

Последните анализи на невладината екологистичка организација Гринпис, базирани на сателитските податоци од Европската вселенска организација (ЕСА) откриваат дека Белгија, и посебно градот Антверпен, се меѓу најзагадените места од азот диоксид (НО2) во светот.

Благодарение на новиот сателит на ЕСА може да се анализираат различните извори на загадување во светот. Организацијата Гринпис врз основа на овие податоци произведе интерактивна мапа која открива Белгија е една од најзагадените земји во Европа. Уште позагрижувачки, градот Антверпен е на исто рамниште со Париз и Буенос Аирес.

Експертите од Гринпис објаснуваат дека една од причините за оваа состојба е пристанишката индустрија, но не е единствена.

-Објаснувањето за силните концентрации на азот диоксид во другите големи градови во Белгија, Брисел, Лиеж, Гент, е присуството на бројни дизел возила како и фактот што во земјата има преголем број возила на патиштата, вели Јури Тејс, експерт за квалитет на воздухот со Гринпис.

Гринпис додава дека анализите на сателитските мапи покажале голема разлика помеѓу загаденоста во текот на недела и за време на викендот, што е доказ дека возилата се вистински проблем за квалитетот на воздухот во Белгија.

Азот диоксидот е еден од најтоксичните гасови и најопасни по здравјето на луѓето. НО2 е еден од главните агенси во формирањето на ПМ2,5 честичките.

Би можело да ве интересира

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт