Грета: Ова не е новото нормално, ќе продолжи

Од:

Најпознатата млада активистка за заштита на природата, Грета Тунберг, по повод катастрофалните поплави што го погодија западниот дел на Европа, предупреди дека сè што се случува не е „новото нормално“ и дека климатската криза нема да може да се спречи, „доколку не се справиме со проблемот со климатските промени“.

„Смртоносна топлина, поплави, бури, шумски пожари, суши, пропаднати посеви … Ова не е новото нормално“, напиша Грета на својот Фејсбук профил.

Таа исто така предупреди дека се наоѓаме на почеток на климатските и еколошките опасности и дека екстремните временски прилики ќе станат се почести.

„По неодамнешните катастрофални настани, особено во Западна Европа, се чини дека сите зборуваат за климатски вонредни состојби, и тоа со право. Но, штом ќе завршат овие трагедии, најверојатно ќе го заборавиме тоа и ќе продолжиме како порано”, напиша Грета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска