Куче дресирано да открива експлозивни супстанции денес реагирало на пристигната пратка во белгиската нуклеарна централа „Тианж“ поради што била прогласена тревога.
Британските медиуми првично објавија дека во нуклеарката бил откриен сомнителен пакет, но всушност се работело за грешка на кучето.
Поради тревоага биле активирани низа мерки на претпазливост, вклучително и испраќање на војници, полиција и деминери. Неколку часа подоцна било утврдено дека пратката не содржи ништо опасно.
Сепак и поркрај тревогата централата не престанала со работа, а повеќето вработени останале во комплексот.
Терористите кои го извршија нападот во Париз во ноември 2015 година подготвувале напад и врз нуклеарна централа во Белгија, а дел од вработените во атомските централи во Белгија биле отпуштени од работа, откако биле осомничени дека се радикализирале.