Грција со два авиона ѝ помага на Франција во гаснењето на шумските пожари

Од:

Два авиона од типот Канадер испрати Грција во Франција за да помогнат во гаснењето на големите шумски пожари во југозападниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција соопштија дека земјата веднаш одговорила на барањето за помош на француските власти, испратено преку Европскиот механизам за цивилна заштита и rescEU и по наредба на надлежниот министер Христос Стилианидис, „Грција на механизмот му стави на располагање два авиони Canadair CL-415, кои веќе заминаа за Франција“.

Тие додаваат дека ова е првпат Франција да го активира rescEU и да побара помош за справување со шумските пожари, а „Грција засега е првата и единствена земја која одговори на барањето, поддржувајќи ја во пракса и со сите свои расположливи сили, европската солидарност“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос