Градот Барселона му ги одзеде сите одликувања на обесчестениот поранешен шпански крал Хуан Карлос

Од:

Градскиот Совет на Барселона денеска донесе одлука да ги одземе сите официјални одликувања доделени од тој град на поранешниот шпански крал Хуан Карлос, откако тој се најде во средиштето на корупциски скандал што го натера да ја напушти земјата.

За одземање на одлукувањата на поранешниот крал гласаа сите сепаратистички партии во градскиот Совет на каталонскста престолнина.

Меѓу признанијата што му се одземени е и престижниот Златен медал, кој се доделува на личности кои се истакнале со лични заслуги или кои направиле нешто исклучително за Барселона.

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос (82) ја напушти земјата на почетокот на месецов и отиде во Обединетите Арапски Емирати, откако Врховниот суд во јуни започна истрага за неговата вмешаност во малверзации со договорот за брза железничка пруга со Саудиска Арабија, а швајцарскиот весник „Трибун“ објави дека Хуан Карлос добил 100 милиони долари од покојниот саудиски крал.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации